Автолидер по традиција секоја година приредува изненадување за своите најдобри потрошувачи. Оваа година тоа беше посета на фабриката на Monroe во Прага, во периодот од 27-30 Април. Групата од Македонија имаше шанса да ја обиколи цела фабрика, запознавајќи се со комплетниот производствен процес при создавање на еден Monroe амортизер, од набавка на репроматеријали до добивање на финален производ. Секако тука беше и разгледувањето на прекрасните знаменитости на Прага.
|