Производи
« Назад

Monroe

Најголем избор од водечкиот производител на амортизери за сите патнички, теренски и лесно товарни возила. За патнички возила е Monroe - Original со оригинална технологија на фабричко вградување, SENSA – TRAC и MONROE – REFLEX кој претставува револуција кај технологијата на амортизерите.

За автомобили кои често пренесуваат терет или влечат приколка тука е LOAD- LEVELER. Теренските возила го користат новиот MONROE - ADVENTURE кои го заменија MAGNUM, додека за лесно товарните возила е наменет MONROE VAN– MAGNUM.

Во склоп на амортизерите одат и заштитни гуми и лагери за лежиштето на амортизерот кои го спречуваат трошењето и ја подобруваат геометријата на возилото. MONROE е докажан производител на амортизери за фабричко вградување, а некои од светските производители на возила кои ги користат овие производи се: Audi , Daimler-Chrysler, Fiat, Ford, GM, Mazda, Mitsubishi , Renault , Rover, Landrover, Seat, Suzuki, Toyota, VW и други. Сите производи имаат гаранција без оглед на помината километража.

Како повеќегодишен WRC првак Citroen на својата Xsara користи Monroe технологија во вид на амортизери наменети исклучиво за WRC-автомобили.

Најновите автомобили во понудата на Volvo ( S60R ,V70R,S60,S80,V70 и XC70 ) се опремени со најновите “CES” амортизери кои ги обединуваат најмодерните технологии за контролирање на работата на амортизерот. Секој амортизер е опремен со низа на сензори кои го следат однесувањето на амортизерот и со помош на главна управувачка единица се прилагодува амортизерот на ново настанатата ситуација. Ова придонесува за поголема сигурност, подобра управливост и поголема удобност при возењето.

 
 
страната најдобро се гледа со Mozilla Firefox 2.0 или понов и Internet Explorer 7.0 или понов, минимална резолузија 1024 x 768
Авто Лидер © 2008 Сите права задржани.   Дизајн: Аетерна