За нас
Фирмата е основана во 1993 год. под името КОНТИТЕКС, а во 2003 год. е пререгистрирана во АВТО ЛИДЕР. Во самиот почеток фирмата стартува со Монро амортизери и тоа беше многу тежок производ за пласирање на Македонскиот пазар со оглед на бројот на репарирани аморизери што се вградуваа и со ограничениот број на возила што се возеа во тоа време (претежно Заставини и Источно Европски возила). Подоцна доаѓа времето на либерализиран увоз, посебно на половни автомобили од Европа, со што настана потреба за квалитетни и оригинални резервни делови. Со стрплива и упорна работа Авто Лидер го проби Монро како сигурен и квалитетен производ на македонскиот Пазар. Излегувајќи од локални рамки полека ја оформува дистрибутивната мрежа низ цела Македонија. Како генерален застапник на Монро, Авто Лидер почнува преговори и со други познати фирми за авто делови, па набрзо ги доведува некои од најеминентните имиња во оваа бранша.
 
После менување на повеќе локации, голем чекор е купувањето на објектот во центарот на градот, ул.34 бр.6 (спроти Олимписки базен) со продавница, службени простории и магацински простор и отворање на уште една продавница во Струмица.
 
Денес Авто Лидер има 10 вработени, со лагер од околу 10.000 производи во секој момент на располагање. Дистрибутивна мрежа со повеќе од 30 дистрибутери во сите градови во Македонија.
страната најдобро се гледа со Mozilla Firefox 2.0 или понов и Internet Explorer 7.0 или понов, минимална резолузија 1024 x 768
Авто Лидер © 2008 Сите права задржани.   Дизајн: Аетерна
%>